еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Зошто македонски студент кој ги исполнил сите услови, не добил стипендија за да студира на Утрехт

Петар Барлаковски на неговиот фејсбук-профил објави статус во кој објаснува како и покрај тоа што ги исполнува условите, тој не е добил стипендија од државата за студии на универзитетот Утрехт во Холандија.

Неговото објаснување го пренесуваме во целост:

„Ја имав среќата (а и вложив многу труд) да бидам примен на Универзитетот Утрехт во Холандија, кој е најдобриот универзитет во Холандија, а според Шангајската листа e 51-ви во светот.

Поради тоа што школарината изнесува огромен износ на пари, износ кој јас и моето семејство не можеме да си го дозволиме, решив да аплицирам на државната стипендија која е понудена од Министерството за образование и наука. Имено, се работи за конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2019/2020 година.

Целта на оваа стипендија е државата да ми ја покрие и школарината како и да ми овозможи средства за егзистенција, а во спротивно јас по завршување на моите студии да треба да се вратам и да работам во некои од државните органи. И, немам проблем со тоа – државата мене ми дава услуга, јас и враќам услуга – придонесувам со своето знаење стекнато на овој универзитет.

МЕЃУТОА, добив одговор дека комисијата донела НЕГАТИВНА одлука за мојата апликација и покрај тоа што ги исполнувам сите услови. Значи, просек над 8,5, да бидам примен на универзитет кој е во први 100 во светот, а на смер меѓународно јавно право, да имам доказ за активно познавање на англиски (ТОЕФЛ сертификат), да не сум корисник на други стипендии и да сум државјанин на оваа држава.

Одговорот кој што го добив е дека комисијата одлучила негативно (и покрај тоа што ги исполнувам сите услови?!) поради тоа што имам освоено 180 кредити на моите тригодишни студии, а мастерот за кој аплицирам е едногодишен со 60 кредити, па оттука ќе имало проблем со нострифицирање на мојата диплома и звање.

За последниот проблем поднесов документ во кој факултетот на кој што студирам (Правен факултет Јустинијан Први) потврдува дека јас сум запишан на 1 година мастер студии на тој факултет и дека со завршување на моите предвидени предмети, најдоцна до јунска сесија – ќе ги освојам сите кредити.

Меѓутоа за комисијата, која што очигледно своеволно си го толкува конкурсот и условите, ова не е доволно!!!

Преку глава ми е од се и ми се повраќа од глупава држава, без разлика кој е на власт. Се додека убивате млади амбициозни студенти кои сакаат да го зголемат своето знаење на престижни факултети, а ми трошите пари и си ги пикате преку врски сопствените деца, никогаш нема да излеземе од оваа никаква состојба во која се наоѓа државата.

И, секако ќе ги употребам сите правни лекови кои ми се на располагање против одлуката на оваа нестручна и очигледно правно-необразована комисија“.

фото: Фејсбук/Петар Брлаковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малата Бисера си замина дома

Редакција

Најголем дел од починатите од Ковид-19 имале кардиоваскуларни болести

Редакција

Многу луѓе измамени: Пановски злоупотребен во реклама за чај, кој се продава заради фабрикувана препорака од докторот

Редакција