еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање во врска со бегството на Никола Груевски ги потврди информациите кои стигнаа од Албанија и Црна Гора, дека тој од таму пребегал во Унгарија и потврди дека тоа било сторено со дипломатско возило на Унгарија.

Тој рече дека не постојат дилеми дали Груевски се наоѓа во Унгарија, бидејќи било потврдено од официјални служби, и очекува екстрадиција.

Но, исто така и јавно го постави прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран. Очекува Груевски и Унгарија да дадат одговор.

„Тука се отвораат и други прашања и во поглед на азил и правото на азил. Ред е како држава да го поставиме јавно тоа прашање затоа што после одговорот на ова прашање следуваат сериозни и други прашања кои имаат дебела суштина. Од тој аспект ова го спомнувам јавно, за уште еднаш да ги уверам сите граѓани дека ќе направиме се што е наша надлежност и се што имаме на располагање како инструменти, Никола Груевски да биде екстрадиран дома и да ја отслужи својата казна и да биде присутен на сите дела и процеси кои се водат против него.Односно, нема да застанеме додека тоа не се случи. Односно и еден друг поранешен премиер Санадер беше избеган па се врати во државата. Нема да се откажеме“, рече Заев.

Тој дополни, на што точно мислел кога спомна киднапирање.

– Секоја амбасада е екстериторијалност, односно е територија на друга држава, секоја дипломатска кола, секој авион зависи кое знаме го носи е екстериторијалност. Таму нашата полиција или систем не може да делува, вклучително и на дипломатска кола. Од тој аспект јавно прашувам дали тоа тој доброволно го направил или бил киднапиран. Може на Фејсбук да дадат одговор, Груевски или Унгарија. Одговорот на ова прашање ќе даде одговори на многу прашања кои нашите граѓани заслужуваат да ги добијат – одговори Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „збесна“ по изјавата на Заев за можното киднапирање на Груевски: „Владата ќе собира пари да го откупи“

Заев прашува дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или е киднапиран

Нема ни куќа, ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил бегалецот Никола Груевски

Црногорски медиуми: Груевски во Црна Гора влегол и излегол во придружба на унгарски дипломати

Кој му помогнал на Груевски да влезе нелегално во Албанија?

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Божик, папата повика да се стави крај на „бесмислената“ војна во Украина

Редакција

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот продолжува на 31 октомври

Редакција

Пендаровски вели дека не го поканиле за интервјуто во кое се појавуваат Силјановска и Река

Редакција