Нема законски пречки Стевчо Јакимовски да ја продолжи трката за претседател на Македонија откако беше ставен на „црната листа“ на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Градоначалникот Стевчо Јакимовски ставен на „црната листа“ на САД
Според Изборниот законик кандидат за претседател на државата може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на претседател утврдени со Уставот, кој пак предвидува тој да биде државјанин на Македонија, да има најмалку 40 години и да бил жител на државата најмалку десет години во последните 15 години.
Во Уставот стои и дека претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кој заврши на „црната листа„ на САД
Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД
Фото: Јакимовски/Фејсбук