
(Видео) Со која совест адвoкатите на обвинетите ќе земат крвави пари, прашаа родителите на загинатите во Кочани, кои се скептични како ќе тече и заврши судењето
Родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани по денешното прво рочиште посочија дека се плашат оти ќе бидат изманипулирани и дека се скептични колку ќе трае и како ќе заврши судскиот процес. Тие го поздравија воведниот збор на обвинителот Борче Јанев, а ги нападнаа адвокатите на обвинетите


























