Категорија: Македонија

Околу 8,5 милиони денари наплатени од казните за странци преку „Безбеден град“

Околу 8,5 милиони денари за шест дена се наплатени од казни за странците преку електронскиот систем за прекршоци “Безбеден град„. Информацијата за телевизијата Алфа ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. За овој период од странци имало 11.500 казни Системот почна да ги казнува и странците на 19. август

Прочитај повеќе

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски за „Талир 2„

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за случајот “Талир 2„. „При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките

Прочитај повеќе

На судењето за „Пулс“, градежни вештаци одговараа на прашања за пренамената на објектот, дозволите за градба и обврските на инспекторите

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“, Горан Марковски, одговараа на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски, сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и

Прочитај повеќе

Годинава има 200 паралелки помалку во основно, 100 паралелки помалку во средно и се затвораат 26 рурални училишта, информираше Јаневска

Годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно, а се затвораат и 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат од пет до осум деца, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „Она што успеавме да го направиме, во

Прочитај повеќе

Каде е Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Лотарија, кој заедно со Груби е обвинет во случајот за државната компанија

Повеќе од една година Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство. Тој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија.

Прочитај повеќе

Одложено судењето за Груби, судот оцени дека обвинетите и нивните бранители треба да добијат потребно време за увид во доказите

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во Државна лотарија, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и уште седум лица. Тие се товарат дека во текот на 2023 и

Прочитај повеќе

Денеска треба да почне судењето на Груби: За што е обвинет?

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да започне судењето на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за злоупотреби во Државна лотарија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Конечно обвинение за Груби за злоупотреби во Државна лотарија, останува во куќен притвор Тој моментално е во куќен притвор

Прочитај повеќе

Со електронската наплата на прекршоците за странците регистрирани на „Безбеден град“, нормализиран сообраќајот на Табановце

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања. „Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација

Прочитај повеќе

И Шабан Салиу стана национален координатор

Поранешниот министер без ресор Шабан Салиу, откако беше разрешен со последната реконструкција на Владата, стана национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Неодамна и разрешениот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, стана национален кординатор за култура во Владата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По разрешувањето од функцијата министер,

Прочитај повеќе

Детален преглед: Кои функционери платиле по 300 евра оти не пријавиле имот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) лани и годинава изрекла 94 глоби од по 300 евра на функционери оти не ја почитувале законската обврска да го пријават имотот, информираа од таму. Вкупно изрекла казни во вредност од 28.200 евра, а некои функционери се казнети и по двапати. Законската регулатива

Прочитај повеќе

Годинава веќе шест починати од западно-нилска треска, во последните 14 години во Македонија имало пет

Маж на возраст од 72 години од Скопје е шестиот починат од западно-нилска треска во Македонија. Тој имал и други заболувања, а се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Шеста жртва од западно-нилска треска, почина 72-годишен маж од Скопје со коморбидитет Бројот на

Прочитај повеќе

Која е кумановската компанија “Рапид билд“, која ќе го гради гасоводот кон Србија

Кумановската градежна компанија Рапид Билд, која веќе го гради интерконекторот со Грција, ќе го гради и интерконективниот гасовод од Македонија до Србија. Компанијата за 29,4 милиони евра треба да проектира и изгради 22,4 километри од гасоводот, од Клечовце до границата кај Сопот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Рапид билд“ ќе го гради гасоводот

Прочитај повеќе

48-годишен маж од Прилеп неколку пати ја силувал 14-годишната поќерка, заврши во притвор

Маж на возраст од 48 години од Прилеп во неколку наврати месецов ја силувал 14-годишната поќерка. Станува збор за лицето З.С., и за него Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Основниот

Прочитај повеќе

„Рапид билд“ ќе го гради гасоводот кон Србија, кој ќе чини 29,4 милиони евра

Градежната компанија Рапид билд од Куманово ќе го гради интерконективниот гасовод од Македонија до Србија. Станува збор за инвестиција од 29,4 милиони евра, а истиот треба да биде завршен до крајот на 2028 година. Договорот е склучен по принципот „клуч на рака“, според моделот FIDIC, кој ги опфаќа урбанистичкото планирање,

Прочитај повеќе

(Фото) Водно доби моторички парк, направен од паднатите дрвја од невремето во Скопје

Водно доби моторички парк, направен од паднатите дрвја од силното невреме во Скопје. Станува збор за простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека вакви паркови од паднатите дрвја ќе добијат и Парк шума

Прочитај повеќе

Забраната за движење во шумите продолжена до 30. септември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Јавното претпријатие (ЈП) „Национални шуми“, дало согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24 часот на територијата со која стопанисува јавното претпријатие, информираа од претпријатието. Забраната се воведува со оглед

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести