Повеќе од една година Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство.

Тој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска треба да почне судењето на Груби: За што е обвинет?
За него Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница 18. декември 2024 година, откако Судот му одреди мерка притвор.
Тој е првообвинет во случајот во кој обвинетите се товарат за злоупотреби и проневера на над осум милиони евра од Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Колку полицајци го чуваат Артан Груби
Фото: МВР














