Колку полицајци го чуваат Артан Груби

Наместо во притвор во затворот Скопје, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако се врати во Македонија по 14 месеци бегство, заврши во куќен притвор во неговиот дом во скопски Чаир.

Затворскиот притвор му беше одреден додека беше во бегство, бидејќи е осомничен во случајот за проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се гони Артан Груби

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје побара куќен притвор за него, поради неговата загрозена безбедност, повикувајќи се на проценки на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Засега не е јасно кога се направени тие проценки, пред да избега или откако се врати во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор

Сега, како што пишува весникот Вечер, влезот од зградата каде што е во куќен притвор, го чуваат тројца полицајци во цивил и двајца во униформа.

Тоа е така, бидејќи според одлуката на Основниот кривичен суд Скопје доби и 24-часовен надзор, а му е одземена и патната исправа.

Полицијата влезот од зградата треба да го обезбедува 24-часа. Во зависност од нивната работна сатница, се менуваат три, или две групи на службеници, пишува Вечер.  

Освен дека Груби е небезбеден, АНБ и МВР процениле дека е небезбедно и неговото семејство, информираа од ОЈО Скопје по бурните реакции во јавноста за куќниот притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Артан Груби

Каков имот пријавил обвинителот Даниел Коцев, кој побара куќен притвор за Артан Груби

„Го “уапсија” за да го однесат дома“: Реакции на социјалните мрежи за куќниот притвор за Груби

Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести