Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.
Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2025 година се движеше од 24.000 до 31.099 денари или просечно 27.468,23 денари за една акција, што претставува раст од 22,76 % во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година.
-Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со Друштвото и на генералниот тренд на движење на глобалните и на регионалните берзи, велат од компанијата.
На 31.12.2025 година акциите на Алкалоид АД Скопје биле во сопственост на 6.464 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесувала 35,8 милијарди денари.
На 1. април 2025 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2024 година во износ од 901.752 илјади денари.
Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2025 година започна исплатата на дивидендата во износ од 630 денари бруто, односно 567 денари нето за една акција.
Дивидендата од акција за 2024 година е поголема за 16,67% во однос на исплатената дивиденда од акција за 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за 2026
Алкалоид лани со инвестиции од 18 милиони евра и 54 нови вработувања
Алкалоид лани со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра и извоз од 221,6 милиони евра














