Стотројка ослободува музика: „Alias in Wonderland“ е дебитантски албум на Семи Исмаили

„Alias in Wonderland“ e дебитантски албум на _semism_, соло проект на Семи Исмаили од Тетово.

„Неговата музичка пракса подразбира контемплација и брзи прсти за кодирање во живо (live computing), користејќи софтвер, звук и процеси во реално време за создавање постојано променливи електронски пејсажи.

„Alias in Wonderland“ e патување низ хиперпросторот со брзина од 2222 километри на час, со кривини што водат право кон вртлогот. Времето и просторот постојано се поместуваат, а на крајот, или можеби на самиот почеток, секој патник добива свој псевдоним и пристап до земјата на чудата, простор што постои околу, внатре и надвор од ткивото на времето.

Билет во еден правец: https://stotrojka.bandcamp.com/album/alias-in-wonderland,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести