Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

Денеска во Спарта Ивент Центар во Велес, ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре”, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.
Со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапот на Starboy & Friends, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото.

Целта на концертот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и преку заедничка поддршка да се испрати силна порака дека секој човек заслужува еднакви можности, достоинство и подобра иднина.

Влезницата изнесува 300 денари, а настанот ќе трае од 20 до 00 часот.

Организаторите ги повикуваат граѓаните на Велес и сите луѓе со хумано срце да присуствуваат и со своето учество да ја поддржат оваа благородна иницијатива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести