Алкалоид лани со инвестиции од 18 милиони евра и 54 нови вработувања

Алкалоид АД Скопје лани инвестирал во основни средства 1.112.882 илјади денари или 18 милиони евра, информира компанијата.

-Во согласност со долгорочната развојна стратегија, односно со 20-годишниот инвестициски развоен план, во последните неколку години се изградени нов погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, нов погон за пакување лекови, нов магацински простор за складирање суровини, како и нов погон за производство на цврсти форми (фармацевтски препарати), најзначајната инвестициска активност.

Во таа насока, а со цел соодветно зголемување на капацитетите и во Контрола на квалитет – фармација, во 2025 беше пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет која има капацитет да изведува околу 20.000 различни микробиолошки анализи годишно, a во неа работи 21 високостручно лице, велат од таму.

Во периодот јануари – декември 2025 година во Алкалоид се реализирани 54 нови вработувања во Македонија.

-Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата.

Групацијата Алкалоид брои 3.018 вработени, од кои 2.234 се во земјава, а 784 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство, велат од таму.

Во рамки на својот континуиран придонес кон заедницата, Алкалоид АД Скопје заедно со капитално поврзаните друштва лоцирани во земјата во 2025 година остварил значајни економски влијанија преку редовна исплата на даноци и други давачки кон државата во износ од 1.965.720 илјади денари, вложувања во своите вработени во износ од 2.119.678 илјади денари, исплата на дивиденда во износ од 784.441 илјади денари, поддршка преку донации, спонзорства и стипендирање во износ над 226.953 илјади денари како и соработки со над 1.950 домашни добавувачи со остварен промет од 3.231.879 илјади денари.

-Овие показатели ја потврдуваат долгогодишната ориентација на компанијата кон одговорно работење, стабилен развој и силна поддршка на домашната економија и пошироката заедница, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид лани со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра и извоз од 221,6 милиони евра

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести