Ќе го префрлат ли газда Деко од затворот во Куманово во Идризово, оти персоналот се однесувал нечовечки кон него и оти имал сериозна хируршка интервенција

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, во која во т.н. дискотека загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, адвокатката Ивана Коцевска, која го брани сопственикот на „Пулс“, првообвинетиот Дејан Јованов Деко, побара од Основниот кривичен суд тој да биде префрлен од затворот во Куманово, каде е во притвор, во затворот Идризово.

Таа го побара тоа бидејќи персоналот на затворот во Куманово кон него се однесувал „деградичарки, нечовечки и понижувачки“. Како причина ја наведе и неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција, поради безбедносни причини, а и поради тоа што токму во судница во Идризово се одржува судскиот процес, до каде треба да биде носен од Куманово.

-Судот веќе има на увид обемен медицински материјал за првообвинетиот, кому му беше направена сериозна хируршка интервенција на три нивоа на ‘рбетниот столб и беше вратен во притвор, рече таа, а како дополнителна причина ја посочи и економичност на постапката и потребата тој да се спроведува на Клиниката за неврохирургија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Пулс“ имало три прскалки, ги пецкале гостите, рече преживен во пожарот и поранешен вработен таму

Имам изгореници на дишните патишта, десното уво, вратот, лицето и десната рака, уште неможам да свирам, рече музичарот Тонев

Никој не го сфати сериозно Панчо, кога повика да ја напуштиме „Пулс“, рече придружниот вокал на ДНК, Костадиновска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести