Нема линеарно зголемување на пензиите за македонските пензионери во странство

Нема да има линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари од март годинава за македонските пензионери кои престојуваат надвор од земјава.

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери.

За уставноста на овие законски измени поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, беа поднесени пет инцијативи до Судот.

Се работи за околу 12.000 пензионери што живеат во странство.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести