Прво мислев дека се работи за анимација, кажа гостин во „Пулс“, кој го снимил почетокот на пожарот

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани сведочеше и Алберто Миладинов од Кочани, кој кобната ноќ бил гостин во “Пулс“.

Тој седел на маса до бината и го снимал настапот на ДНК, па снимајќи, го фатил и почетокот на пожарот.

Прво мислел дека се работи за некоја анимација, а сфатил дека се работи за пожар откако починатиот член на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, повикал сите да го напуштат објектот.

Меѓу друго, како и други сведоци рече дека не видел кој ги поставува и активира прскалките, но и дека забележал женско лице кое ги поместувало, бидејќи ѝ сметале. Не знаел кое е тоа лице.

Обидувајќи се да излезе од објектот паднал и почнал да губи свест, по што бил извлечен.

-Температурата беше висока, дишењето беше тешко. Беше задушливо и жешко, имаше многу чад. Сите нагло трнаа да излегуваат и се создаде многу гужва на влезот. Сите се туркаа, секој сакаше прв да излезе. Јас ја поминав првата врата и речиси се онесвестив пред втората врата.

Имав маица на главата, некои ме фатија за рацете. Мислам дека беше обезбедувањето и ме исфрлија надвор. Ме испрскаа со вода и се подосвестив, рече тој меѓу друго.

Рече и дека во објектот не се издавале фискални сметки, ни за влез, ни за пијалоци, но и дека се знаело кога полицијата доаѓа во рација.

Тој добил мали повреди и рече дека не се приклучува кон кривичниот прогон.

Следното рочиште е закажано за 5. март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Пулс“ имало три прскалки, ги пецкале гостите, рече преживен во пожарот и поранешен вработен таму

Имам изгореници на дишните патишта, десното уво, вратот, лицето и десната рака, уште неможам да свирам, рече музичарот Тонев

Никој не го сфати сериозно Панчо, кога повика да ја напуштиме „Пулс“, рече придружниот вокал на ДНК, Костадиновска

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести