Водно доби моторички парк, направен од паднатите дрвја од силното невреме во Скопје.
Станува збор за простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека вакви паркови од паднатите дрвја ќе добијат и Парк шума Гази Баба и Сарај.
Тој на Фејсбук информираше и дека на местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе започне голема есенска акција за пошумување на градот.






ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Страшна глетка во Градски Парк: Паднати се стотици дрвја
Каде ќе завршат стотиците паднати дрвја во Скопје
Фото: Град Скопје














