(Галерија) Страшна глетка во Градски Парк: Паднати се стотици дрвја

Голем број од дрвјата кои паднаа на 21. јули во Градскиот Парк, кога во Скопје дуваше ветар од 130 километри на час, се уште не се остранети.

Таму и денеска на остранувањето на дрвјата, некои стари и по неколку децении, работеа работници од ЈП “Паркови и зеленило“.

За еМагазин кажаа дека се уште неможе да се процени колку дрвја паднале во Градскиот Парк, но во секој случај се работи за стотици.

Дел од дрвјата ги блокираат патеките во паркот.

Од Град Скопје веќе садат нови дрвја и најавуваат да продолжат со тоа.

Голем број дрвја за време на невремето паднаа низ целиот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Скопјани уште чекаат да се расчистат паднатите дрвја

(Видео) Погодено и единственото кафуле „Централ парк“: Голема штета и во Градскиот парк во Скопје

(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести