Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности лишено е од слобода лице вработено како помошник директор во Царинската управа, кое е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.
– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа.
Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра, велат од таму.
По целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), МВР ќе биде поднесе соодветна кривична пријава.














