Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со Dan Pugach, еден од позначајните автори, аранжери и тапанари на современата њујоршка џез-сцена, на 7 октомври во Националната опера и балет,
Во Скопје, Dan Pugach доаѓа со двајца исклучителни музичари од њујоршката џез-сцена – вокалистката Nicole Zuraitis и трубачот Jonathan Saraga.
Pugach, композитор, аранжер и тапанар, во 2025 година ја освои престижната Grammy награда за Best Large Jazz Ensemble Album за „Bianca Reimagined: Music for Paws and Persistence“, со што неговата работа на современата биг-бенд сцена се здоби со едно од најзначајните признанија во светот на џезот.
Неговата долгогодишна соработничка Nicole Zuraitis е вокалистка, пијанистка и аранжерка, а во 2024 година ја освои својата Grammy награда за Best Jazz Vocal Album за „How Love Begins“. Со нив во Скопје доаѓа и Jonathan Saraga, трубач и композитор кој соработувал со некои од најзначајните големи џез-ансамбли во САД, меѓу кои Maria Schneider Jazz Orchestra, Mingus Big Band, Miguel Zenón Big Band, Afro-Latin Jazz Orchestra и John Pizzarelli Big Band.
Под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар заедно Dan Pugach, Nicole Zuraitis и Jonathan Saraga, ќе приреди концерт кој ја носи енергијата и звукот на актуелната њујоршка џез-сцена директно пред скопската публика.
Билетите за концертот може да се набават online на MKTickets и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ. Билетите може однапред да се резервираат на: [email protected]














