
Бугарските медиуми без интерес за веста дека Македонец во Грција спасил бугарско семејство
Бугарските медиуми покажуваат голем интерес за случувањата во Македонија, посебно кога треба да се драматизира дека некој македонски граѓанин, кој има и бугарско државјанство, е наводно обесправен, ама веста дека 15-годишниот Михаил Николовски од Битола, кој спасил од давење тричлено бугарско семејство во Грција, не им се виде како интересна.


















