Каков имот пријавил Перпарим Бајрами, кој се предаде и заврши во притвор

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, е во фокусот, откако вчера по повеќе од една година бегство се предаде на Граничниот премин Долно Блаце, по што беше уапсен и заврши во притвор во Затворот Скопје.

Тој е првообвинет во случајот со злоупотреби во Државна лотарија, за кој судскиот процес е во тек, а за него се водат уште четири други постапки.

еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа од наследство во Куманово, како и возило шкода.

На свое име има кредит од 10 илјади евра, кој треба да го врати до 2031 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Перпарим Бајрами, кој се предаде, се водат уште четири постапки

Перпарим Бајрами се предал на Блаце, спроведен е во Шутка: Детали од МВР

Се предаде и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија

Фото: принтскрин/Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести