По повеќе од една година бегство, утрово се предаде и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами.
Тој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија, а почна да му се суди во отуство.
За него Министерството за внатрешни работи (МВР) објави меѓународна потерница 18. декември 2024 година.

Тој е првообвинет во случајот во кој обвинетите се товарат за злоупотреби и проневера на околу 9,7 милиони евра од Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Фото: Фејсбук/Бајрами/МВР














