Перпарим Бајрами се предал на Блаце, спроведен е во Шутка: Детали од МВР

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утрово во 05:35 часот се предал на Граничниот премин Долно Блаце, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој бил уапсен и спроведен во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Додека беше во бегство повеќе од една година, му беше одреден притвор.

Тој е првообвинет во случајот за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија, во кој обвинетите се товарат за злоупотреби и проневера на околу 9,7 милиони евра од Државна лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се предаде и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија

Груби не се чувствува виновен

Каков имот пријавил Артан Груби

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести