Сопственикот на т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе биде во затворски притвор до 3. октомври, а потоа ќе се брани од слобода, објави телевизијата Телма.
Информацијата за телевизијата ја потврдиле од Кривичниот суд Скопје, од каде меѓу друго велат дека ќе се брани од слобода, бидејќи според законот тој може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението.
Тој беше приведен веднаш после пожарот на 16. март, а во притвор е од 23. март лани и во неколку наврати бараше укинување на мерката поради влошена здравствена состојба.
Во случајот е обвинет и неговиот син, Михаил Јованов, за кој има мерки на претпазливост, како и неговиот брат Тодор Јованов, на кој мерката куќен притвор му беше укината откако даде гаранција од околу 320 илјади евра во недвижен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма














