“Навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца“, велат родителите на загинатите за барањето газда Деко да оди во куќен притвор

За денешното барање на одбраната на Дејан Јованов -Деко, првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, кој е сопственик на т.н. дискотека, тој да оди во куќен притвор реагираа родителите на загинатите.

Барањето според неговата одбрана е поради неговата влошена здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе оди ли газда Деко поради влошената здравствена состојба во куќен притвор?

Според родителите на загинатите барањето е навреда за нивната болка и понижување на споменот на нашите деца.

-Додека ние живееме со празни домови, со недопрени соби и со тишина што нè гуши секој ден, наместо одговорност гледаме упорни обиди за бегство од тежината на одговорноста.

Особено загрижува фактот што олеснување на мерките веќе е дозволено кај поголем дел од обвинетите, што создава чувство дека оваа трагедија се минимизира и дека човечките животи стануваат споредна работа.

Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови.

Додека ние секој ден ја преживуваме истата ноќ, некој бара удобност.

Дали воопшто се запрашавте – имаа ли нашите деца “олеснителни услови” додека умираа?

Имаме доверба дека Јавното обвинителство и судот ќе постапат строго согласно закон и врз основа на докази, и дека нема да дозволат правдата да биде обесмислена со вакви барања.

Затоа јавно и директно го прашуваме обвинетиот Дејан Јованов Деко:

Со кое лице бараш олеснување на мерките, додека 63 семејства секој ден ја преживуваат истата загуба?

Дали навистина сметаш дека твојата здравствена состојба е потешка од празнината што остана во нашите домови?

Дали барем еднаш помисли на тие 63 животи кога го поднесуваше ова барање?

Дали помисли на повеќе од 200 повредени, кои и денес се борат со последиците?

Дали знаеш колку од нас, семејствата на починатите и преживеаните, сè уште живеат со трауми, болка, страв и неизвесност?

Што им порачуваш на нашите семејства, на преживеаните, кои секој ден повторно и повторно ја преживуваат истата ноќ?

Дали сметаш дека нашата болка е помала од твојата?

Дали воопшто може и да ја споредиш?

Што значи за тебе човечност, морал, совест и одговорност?

Дали имаш храброст да застанеш пред родителите и семејствата на починатите млади лица и пред повредените, и да им погледнеш во очи?

Ние не бараме пресуда на улица.

Бараме правда во судница.

И ќе ја бараме – сè додека не ја добиеме, стои во нивната реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општината Кочани немала раководител на инспекциските служби, кажа на судењето за „Пулс“, поранешен главен секретар

Пред пожарот имало рација за малолетници во „Пулс“, забавата потоа продолжила, кажа сведок

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести