На денешното судење за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани сведочеше и поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, сведок на Основното јавно обвинителство, кој бил на таа функција од 2017 до 2021 година, кога градоначалник бил обвинетиот во случајот, Николчо Илиев.
Тој меѓу друго кажа дека во Општината имало повеќе инспекциски служби, ама немале раководител.
Во Општината функционирале три инспекциски служби – комунална, за животна средина, градежен инспекторат, а подоцна се вработил и сообраќаен инспектор.
Сведокот бил задолжен за организација и координација со секторите во Општината и за поддршка на градоначалникот.
Комуникација со инспекциските служби имало, но само за подршка во нивното работење, но не и за контрола што работат.
Од 2017 до 2019 година инспекциските служби доставувале извештаи за работата до Советот на Општина Кочани, а потоа не, со образложение дека биле направени законски измени со кои тие се контролираат од државниот инспекторатот во нивната област.
Исто така рече дека додека бил вработен во Општина Кочани не била добиена пријава за работата на „Пулс“ и дека во Општина Кочани не пристигнало барање за пренамена или реновирање од „Класик М“ или од „Пулс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе оди ли газда Деко поради влошената здравствена состојба во куќен притвор?
Пред пожарот имало рација за малолетници во „Пулс“, забавата потоа продолжила, кажа сведок
Фото: Игор Бансколиев













