На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, сведочеше Ана Захариева, сведок на Основното јавно обвинителство, која кобната вечер таму била гостин.
Таа во пожарот добила изгореници на целата лева рака и имала операција. Во болница била 42 дена и најави отштетено побарување.
Меѓу друго кажа дека вечерта таму пред пожарот имало полициска рација за малолетници, по која забавата продолжила, што го посочија сведоци и на претходните рочишта. Малолетници таму оделе и порано, а и таа самата одела кога била малолетник.
И таа како и други сведоци рече дека вечерта имало многу гости, меѓу кои и малолетници, но и дека вториот излез од објектот бил затворен.
Не можела да види како започнал пожарот, но кога слушнала дека гори, тргнала кон главниот влез кој и бил во близина, посочувајќи дека за одлука биле секунди во прашање. Додека да стигне до вратата целиот плафон веќе горел, а немало никој што ги насочувал гостите каде и како да се евакуираат.
Рече и дека во т.н. дискотека се користеле прскалки и порано.
И таа како и други сведоци поради стампедото заглавила, а врз неа имало уште 3-4 лица и се онесвестила. Кога се разбудила била извлечена од објектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе оди ли газда Деко поради влошената здравствена состојба во куќен притвор?
Фото: Игор Бансколиев













