Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 82,50 денари за литар, а на дизелот, 94 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и исто ќе се продава за 97 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС пак се намалува за 2,939 денари и сега ќе изнесува 46,288 денари за килограм.
Фото: Унсплеш













