5,5 милиони евра потрошени за прославата на независноста, најголем дел од парите ги дала Државна лотарија, а остатокот други компании

За прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија биле потрошени 5.530.000 евра, или 340 милиони денари.

Од нив 300 милиони денари се од нераспределената добивка на Државна лотарија во 2024 година, а остатокот од околу 40 милиони денари, се донации од општествено одговорни компании.

Овие информации денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, која не ги соопшти имињата на другите компании.

Како што е познато организатор на бројните настани, меѓу кои беше и настапот на диџејот Дејвид Гета е Авалон Интернешнл Букинг преку правниот субјект Стардас ДООЕЛ Скопје. Оваа фирма била единствената која доставила понуда на јавниот повик.

На прес-конференцијата беше присутен и директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, кој меѓу друго објасни дека Државна лотарија е посебен правен ентитет, во кој државата е основач и дека Владата е единствен акционер во Собранието на акционери.

Појасни и дека Владата работи според Законот за влада, но во случајов се јавува како акционер и функционира според Законот за трговски друштва.

– Ова спонзорство е дадено според Законот за спонзорства и донации, а не по законот за јавни набавки… Значи, тие се пари на самата компанија, а компанијата е спосебен правен субјект, издвоен од субјетивитетот на Владата.

Значи, тие пари не се буџетски пари. Буџетски пари стануваат во оној момент кога друштвото таа нераспределена добивка ќе ја утврди во финансиските извештаи како дивиденда и ќе дадат налог да се уплати на трезорската сметка. Дури во тој момент добиваат статус на буџетски пари. Дотогаш тие се корпоративни пари, рече тој меѓу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нула денари од буџетот за Дејвид Гета и настаните за 35-годишнината од независноста на Македонија, сметката ја платиле општествено одговорни компании, вели Мицкоски

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести