Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за сите настани поврзани со 35-годишнината од независноста на Македонија биле потрошени 0 денари од буџетот.
Организацијата на сите настани вклучувајќи го и вчерашниот настап на диџејот Дејвид Гета, била платена од општествено одговорни компании.
Тој не кажа кои се тие компании и колку вкупно чинела организацијата на бројните настани кои беа организирани периодов.
– Молчев, не сакав да зборувам, оставав сето она што беше посебен момент и да биде посебен момент за граѓаните. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари.
Слободно можете да отворите Отворени финансии и ќе видите дека чини нула денари. Сѐ е организирано од општествено одговорни компании.
Жалам што кај поединци работи Фројд и што мислат дека како што правеле тие, ќе прават и други, изјави тој меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+Видео) Скопје синоќа звучеше светски: Дејвид Гета со спектакл за паметење
(Видео) И Гркинка пушташе музика за независноста на Македонија
Фото: еМагазин














