Цените на угостителските услуги во август 2026 година се зголемени за 0.6% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во август 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.7%.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.3%.
Цените во угостителството во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.5% кај Храна, 1.5% кај Алкохолни пијалаци, 1.5% кај Безалкохолни пијалаци и 0.4% кај Ноќевања.
Фото: Унсплеш














