15-годишниот Михаил Николовски од Битола спаси бугарско семејство да не се удави во Грција

Михаил Николовски од Битола кој има 15 години спаси мајка, татко и нивното дете да не се удават на плажа во Олимпијада, Грција.

Информацијата вчера на социјалните мрежи ја соопшти неговата мајка Јасна Николовска, која меѓу друго напиша дека семејството кое било од Бугарија, се нашло во опасност од силните бранови и било однесено подалеку во Егејското море.

Младиот Николовски, кој е ученик во средното училиште „Ѓорги Наумов“, кога слушнал како мајката бара помош, веднаш скокнал да помогне.

Прво била извлечена жената, потоа детето и на крајот таткото, напиша неговата мајка.

Фото: Фејсбук/Николовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести