Како работел Тетекс во првото полугодие

Тетекс АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 29.912 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 29.347 илјади денари и истите се  резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги од царински терминал и продажба на материјали, готови производи и стоки.

Останати оперативни приходи изнесуваат 85.008 илјади денари и во нив се вклучени приходите од продажба на недвижен имот, како и приходи од пренос на право на располагање со земјиште за градба.

За тековниот период финансиските приходи изнесуваат 14.671 илјади денари, од кои 2.059 илјади денари се евидентирани приходи од камата на орочени парични средства во банки.

Уделот во добивката на придруженото друштво ТТК Банка, по метод на основна главнина изнесува 8.287 илјади денари, велат од таму.

Остварените вкупни расходи изнесуваат 94.437 илјади денари, за разлика од истиот период во претходната година кога изнесувале 54.506 илјади денари.

-Тоа се должи на трошокот за матријални вложувања. Во вкупните расходи се содржани трошоците за потрошени материјали, набавна вредност на продадени производи, трошоци за вработените, вредносно усогласување на залихите на суровини и готови производи, како и трошоци поврзани со преносот на право на користење градежно земјиште.

Залихите на готови производи бележат намалување во износ од 4.938 илјади денари и се резултат на продажба и вредносно усогласување на истите, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел Тетекс лани

Тетекс влегува во градежен бизнис

Тетекс ќе дели дивиденда од 55

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести