Како работел Тетекс лани

Тетекс АД Тетово лани остварил добивка пред оданочување од 72.712 илјади денари, а истата по оданочување изнесува 66.256 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 56.095 илјади денари и истите се  резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги од царински терминал и продажба на материјали, готови производи и стоки.

Останати оперативни приходи изнесуваат 203.819 илјади денари и во нив се вклучени приходите од продажба на недвижен имот, приходи од експропријација на земјиште, како и приходи од пренос на право на користење земјиште за градба.

За тековниот период во финансиските приходи од 7.101 илјади денари, се евидентирани приходи од камата на орочени парични средства во банки.

Значајно учество во вкупните приходи е уделот во добивката на придруженото друштво ТТК Банка, по метод на основна главнина во износ од 37,278 илјади денари.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари – декември 2025 година изнесуваат 190.511 илјади денари и се речиси на исто ниво со истиот период во 2024 година, кога изнесувале 192.440 илјади ден.

Во вкупните расходи се содржани трошоците за потрошени материјали, набавна вредност на продадени производи, трошоци за вработените, вредносно усогласување на залихите на суровини и готови производи, како и трошоци поврзани со преносот на право на користење градежно земјиште.

Залихите на готови производи бележат намалување во износ од 41.099 илјади денари и се резултат на продажба и вредносно усогласување на истите, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс влегува во градежен бизнис

Тетекс со зголема добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести