Спречен пожарот кој можеше да зафати стотици викендици, кај штипското село Селце

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информираше дека пожарот во штипско, кој заради ветерот се доближил до викендиците во селото Селце, е ставен под контрола.

„Голема благодарност до сите пожарникари, кои со надчовечки напори успеаја да ја стопираат линијата на огнот, која ме загрижи, бидејќи постоеше голема опасност за многубројните викендици кои во суштина се покрај пресушената река Лакавица и по број се поголеми од едно големо македонско село. Во овој појас има стотина викендици.

Засега има контрола, на повеќе места се поставени доволен број пожарникари очекувам до вечер да имаме контрола барем на делот кој ги загрозува вкендиците, а потоа останува да го ставиме под контрола горниот дел кој се движи во насока на планината Серта,“ рече Ангелов.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести