Три бесплатни концерти во Скопје од 1 до 4. септември

Следните денови во Скопје ќе биде забавно.

Во рамки на прославата на 35 години независност на Македонија ќе има дури три бесплатни концерти.

На 1. септември на плоштадот Македонија ќе настапат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски заедно со José Carreras.

На 2. септември пак на платото на Т-Арена (“Борис Трајковски“) во рамки на настанот „Најдоброто од Македонија“ ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.

На 4. септември на плоштадот Македонија пак ќе се одржи настанот „Силно светнал ден„ во кој учестуваат бројни музичари и уметници.

Сите настани започнуваат во 20 часот.

На 8. септември, на Денот на независноста, пак на Националната арена „Тоше Проекски“ ќе настапи Дејвид Гета. Картите за овој настан се одамна распродадени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести