За колку ќе пораснат пензиите од септември?

Од 1.септември пензиите нема повеќе да се зголемуваат линеарно, туку процентуално, според движењето на платите и трошоците на живот.

Порамнување ќе има двапати годишно – во септември и март.

Засега се уште не е познато за колку ќе пораснат истите, а според моменталните проценки на Министерството за социјална политика, демографија и млади, тие би можеле да се зголемат од 3 до 3,5%.

Со новиот начин на пресметка сите пензионери нема да добијат ист фиксен износ. Процентуалната пресметка значи дека поголемо покачување ќе има кај повисоките пензии.

За колку точно ќе пораснат пензиите треба да се знае на крајот од месецов. Септемвриската пензија, со новото усогласување, треба да биде исплатена на почетокот на октомври.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести