Да, дата-центрите се иднината, но клучното прашање е дали Македонија е подготвена за изградба на комерцијални дата-центри, односно дали има капацитет за тоа и секако ресурси.
Македонија од 2023 година во прилепско веќе има национален дата-центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност, што значи мал, а планира изградба на уште еден државен дата-центар со иста моќност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има национален дата-центар во прилепско, ќе гради уште еден
Моќноста на овие центри од што ќе зависи и колку струја и вода ќе се користат за нивното 24-часовно работење со текот на годините ќе се зголемува.
На пример за новиот што се планира да се гради се проценува дека за 20 до 25 години да стигне до пет мегавати, бидејќи ќе расте бројот на податоци кои ќе се чуваат.
Нема никаква дилема дали државата треба да има вакви центри. Тоа е неопходно.
Јавноста се уште не знае колку моќни дата-центри сакаат да градат десетината заинтересирани инвеститори, од што ќе зависи колку наша струја и вода ќе користат и како тоа ќе се одрази на нашите потреби.
Просечно комерцијалните дата-центри се со моќност од 50 до 100 мегавати, а нормално секој инвеститор би сакал истиот да биде поголем за да ги продава своите услуги за чување на податоци на повеќе клиенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со кого разговара Мицкоски за изградба на дата-центар во Македонија
Треба да се каже и дека Македонија се уште увезува струја и дека најголемиот дел ја произведува од фосилни горива, а не од обновливи извори.
Водата, која сега за сега ја имаме, веќе и самите ние нерационално ја користиме, а замислите што би се случило кога од неа би имале потреба на пример десет моќни дата-центри.
Не треба да ги заборавиме и климатските промени, па проценките се дека водата во иднина ќе вреди повеќе од нафтата.
Секако изградбата на вакви центри има и еколошки аспект и влијание врз животна средина.
Зависно од тоа какви системи ќе имаат, можен проблем е и бучавата, електронскиот отпад кој ќе го создаваат, водата од разладните кули може да содржи концентрирани соли и хемикалии против корозија и да има основа за развој на бактерии…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија од 2023 година има национален дата-центар, еве како изгледа
Што треба да знаете за дата-центрите и зошто има отпор
Фото: Општина Прилеп














