Изградбата на дата-центри или центри за податоци е во фокусот на јавноста откако советниците на Општина Пехчево ја отфрлија инцијативата за изградба на ваков центар во градот.
Темата е актуелно веќе извесно време, а во преден план се негативните и позитивните страни од нивна изградба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за американскиот портал Breitbart News откри дека за евентуална ваква инвестиција во Македонија моментално разговара со извршниот директор на „Рамбл“ (водечката платформа за видеостриминг) – милијардерот Крис Павловски, кој е по потекло од Македонија, а живее и работи во Канада.
-Крис инвестира многу со своите партнери во Европа. Знам дека купија една голема компанија во Германија и бидејќи има супер големи патриотски чувства кон земјата, од каде што потекнува неговото семејство, сака да инвестира во Македонија.
Ќе се сретнам со него овој викенд за да разговараме повеќе за неговите потенцијални инвестиции и инвестициите на неговите колеги во центрите за податоци и што можеме да обезбедиме за нив, вели тој меѓу друго во интервјуто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мицкоски вечераше со милјардерот Крис Павловски
Фото: Павловски/Фејсбук














