Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против.
Гласањето следува по реакциите во јавноста во изминатите недели околу најавениот проект и начинот на кој се водела постапката. Меѓу главните забелешки се недостатокот на информации за инвеститорот, како и прашањата за тоа колку вода и електрична енергија би трошел објектот. Беа изразени и сомнежи за потенцијалното влијание врз природата и животната средина, како и критики дека граѓаните и стручната јавност не биле доволно вклучени во процесот.
Граѓански активисти во изминатиот период активно работеа против изградбата на дата-центарот и повикуваа постапката да биде запрена.
Фото/Unsplash














