
Договор од 15,3 милиони евра склучи РЕК Битола со „Топлина“
Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје склучи договор за ископ на јаловина во ПК Брод-Гнеотино (РЕК Битола) со трговското друштво за градежништво, производство, трговија и услуги Топлина увоз-извоз ДООЕЛ од охридското село Подмолје. Договорот е во вредност од 944,000,000 денари или 15,349,593 евра.



















