И во второто тримесечје природниот прираст е негативен

И во второто тримесечје во 2026 година природниот прираст е негативен: -1.005, соопшти Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3.684 и е намален за 3%. 
 
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0.6% во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 4.689 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1.005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.732 бракови и нивниот број е намален за 2.2% во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени бракови. 

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести