Јавниот обвинител Даниел Коцев, од Основното јавно обвинителство Скопје, кој е предметниот обвинител за случајот во кој поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, е осомничен за проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија, е во фокусот на јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се обвинителот и судијата со чија одлука Груби заврши во куќен притвор
На негово барање Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука Груби наместо во затворски притвор, кој му беше одреден додека беше во бегство, да оди во куќен.
Министерот за правда Игор Филков вчера јавно го повика Коцев да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи го дал мислењето за замена на притворот, а неговиот шеф, Анел Фидоски, го праша дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал обвинител во ОЈО Скопје.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.
На име на родителите пријавил имот во Сопиште.

Вози „ауди“.
Тогаш пријавил и депозит, како и кредит, кој требало да го врати лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
„Го “уапсија” за да го однесат дома“: Реакции на социјалните мрежи за куќниот притвор за Груби














