Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој избега од Македонија во декември 2024 година, а вчера одлучи да се врати, и наместо во затворски, заврши во куќен притвор, е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби од затворски во куќен притвор
Како што е познато тој е второосомничен во случајот со проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија. Додека беше во бегство за тоа доби 30 дена затворски притвор.
Истрагата за случајот како што информираа неодамна од Основното јавно обвинителство Скопје е завршена.
За што се гони?
Во случајот тој е осомничен за “Проневера во службата“.
Првоосомничен во случајот е Прпарим Бајрами, поранешен претседател на Управниот одбор и генерален директор на Државна лотарија АД Скопје. Тој е се уште во бегство.
Бајрами е осомничен дека во мај 2023 година година електронски до македонската Влада во својство на Собрание на акционери на Друштвото доставил информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување електронски игри на среќа, при што било предложено да се спроведе постапка за набавка на ВЛТ терминали и нивно имплементирање, информираа од Обвинителството во декември 2024 година.
Проценетата вредност на набавката изнесувала 42% од сметководствената вредност на Друштвото определена со последните финансиски извештаи.
Станува збор за голема зделка за која согласно Закон е предвидена постапка за одобрување од Управниот и Надзорниот одбор на Државна лотарија, а не од Собранието на акционери.
Предлогот бил даден иако Бајрами знаел дека набавката е беспредметна и непотребна, бидејќи Државна лотарија согласно Законот за игри на среќа нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на територијата на државава, бидејќи уште во 2013 година тоа право го има вложено во Државната видеолотарија – Касинос Аустрија ДОО Скопје како непаричен влог во вредност од 6.244.898 евра за што Државната лотарија се стекнала со удел од 51% во основната главнина на Друштвото формирано со Касинос Аустрија.
Груби пак иако исто така знаел дека барањето за конкретната јавна набавка е противзаконско и дека Државна лотарија нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на територијата на државава, на 06.06.2023 година како прв вицепремиер претседавал со седница на Владата во својство на Собрание на Друштвото и покрај тоа што бил свесен дека акционерското Собрание нема надлежност да одлучува за конкретната зделка.
Како што информираа од Обвинителството тогаш, на седницата на Владата била усвоена информацијата и Државна лотарија била задолжена да ги преземе активностите за да започне самостојно да приредува електронски игри на среќа и да ги набави потребните видеолотариски терминали.
Потоа Бајрами ги донел потребните одлуки, биле спроведени јавни набавки и се склучиле договори со кои е преземена обврска во вкупен износ од 501.319.119 денари за набавка на видеолотариски терминали кои согласно закон воопшто не смееле да се употребат за приредување електронски игри на среќа.
И покрај набавката, тие никогаш не биле ниту ставени во употреба.
Во случајот се осомничени уште четири лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Го “уапсија” за да го однесат дома“: Реакции на социјалните мрежи за куќниот притвор за Груби
Груби во ќелија со Македонец, се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, кои биле во Шутка
Објавено и видео од апсењето на Груби














