Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје осомничениот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, и неговата одбрана, од затворски притвор, кој му беше одреден додека беше во бегство, да оди во куќен, со 24-часовен надзор.
Дополнително, му е одземена патната исправа и му е изречена забрана за издавање нов документ за преминување на државната граница.
Како што е познато Груби беше во бегство од декември 2024 година и е второосомничен во случајот со проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија.
Од ОЈО Скопје претходно барањето Груби од затворски да оди во куќен притвор го образложија со тоа што тој доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, како и поради тоа што неговата и безбедноста на неговото семејство била загрозена.
-На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи, информираа од таму,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби во ќелија со Македонец, се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, кои биле во Шутка
Објавено и видео од апсењето на Груби
ДУИ смета дека Груби сам решил да се врати и очекува правдата да биде еднаква за сите
Фото: Груби/Фејсбук














