Опозициската ДУИ смета дека нејзиниот кадар, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој беше во бегство од декември 2024 година, решил сам да се врати во Македонија и тоа го отценува како позитивен чекор.
Од таму велат дека со тоа се создала можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да биле изнесени сите аргументи и да се разјаснале сите прашања.
Од партијата очекуваат судскиот процес да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото, со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.
-ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби во ќелија со Македонец, се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, кои биле во Шутка
Објавено и видео од апсењето на Груби
Груби спроведен во Шутка, од претходно за него има 30 дена притвор
Фото: Груби/Фејсбук














