Поминаа 4 години од почетокот на војната во Украина, мир се уште нема на повидок

На 24. февруари пред четири години Русија ја започна воената инвазијата на Украина.

Во овие четири години имаше неколку обиди да се стави крај на војната, а во тек е нов, но засега нема изгледи дека мирот е на повидок.

Проценките за загинати на украинска и руската страна варираат.

Според студија објавена од американскиот тинк-тенк Центарот за стратешки и меѓународни студии, бројот на загинати, ранети и исчезнати на руската страна се проценува на околу 1,2 милион, а на украинската помеѓу 500.000 и 600.000 лица.

Милиони Украинци ја напуштија земјата, која е со разрушена инфраструктура и економија.

Според проценките на Светската банка реконструкцијата на украинската економија ќе чини 588 милијарди долари во текот на една деценија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести