Новите глобални царини од 10% на Трамп стапија на сила

Новите глобални царини од 10% на Доналд Трамп стапија на сила од денеска.

Трамп за викендот се закани со повисока стапка од 15%, но тоа засега не се оствари, иако според аналитичарите не е исклучено, што ја зголемува неизвесноста на извозните компании.

Врховниот суд ги поништи неговите сеопфатни царини воведени лани, по што Трамп најави глобална царина од 10% со можност за зголемување.

Администрацијата на Трамп ги применува новите давачки согласно член 122 од Законот за трговија од 1974 година, без одобрување од Конгресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врховниот суд ги поништи глобалните царини на Трамп, тој воведе нови

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести