МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, кој беше прифатен од Основниот кривичен суд Скопје, бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, наместо во затворски, кој му беше одреден додека беше во бегство, да оди во куќен притвор, предизвика бура од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Го “уапсија” за да го однесат дома“: Реакции на социјалните мрежи за куќниот притвор за Груби

Денеска од Обвинителството излегоа со соопштение во кое велат дека мерката имала законска основа.

-Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, Обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.

Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка.

За Обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик.

За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.

Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се гони Артан Груби

Груби од затворски во куќен притвор

Груби во ќелија со Македонец, се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, кои биле во Шутка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести