Зоран Петровски и Љупчо Атанасовски купија акции на Адинг

Зоран Петровски, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Адинг АД Скопје купил нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза.

Тој купил 50 акции и сега поседува 35.250 обични акции или 9,12% од вкупниот број на акции на Адинг.

Нови акции на Адинг купил и Љупчо Атанасовски. Тој се стекнал со дополнителни 26 обични акции, и сега поседува 22.118 обични акции или 5,72% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголеми акционери во Адинг

Адинг ги објави платите на менаџментот

Фото: Адинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести