Делови од Скопје прекириени со чад, кој доаѓа од пожарот на планината Жеден

Мирисот на чад кој се чувствува во некои делови на Скопје и е видлив, доаѓа од пожарот кој се одвива на планината Жеден во атарот на селото Бојане, пожар кој тетовска полека се префрла на скопска страна, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Пожарот моментално се одвива на тешко пристапен терен на планината Жеден, на негово гасење работат пожарникарите од Тетово како поддршка на скопските пожарникари. Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој тежок за гасење пожар.

Пожарникарите даваат се од себе, но исцрпени се бидејќи со денови немаат одморено и со деново имаме по повеќе тешки пожари на територијата на Град Скопје и на Општина Тетово,“ информираше Ангелов кој со хеликоптер прави увид врз пожарот.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести